Top Sport

Семејството на Михајловиќ со порака: Синиша засекогаш ќе остане со нас

Легендарниот српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ, почина на 53-годишна возраст по долга и тешка борба со леукемијата.

Семејството на Михајловиќ испрати порака до јавноста.

„Неговата жена Аријана и нивните деца, како и внуци, со тага соопштуваат дека прерано почина Синиша. Неверојатен професионалец, секогаш достапен и секогаш добар за сите. Храбро се бореше против страшната болест. Благодарност до докторите и медицинските сестри кои се грижеа за него. Синиша засекогаш ќе остане со нас“, се вели во соопштението.

Scroll to Top