Top Sport

Амрабат му велел на Жиру да „престане да го следи“

Мароканскиот репрезентативец, Софијан Амрабат открива дека побарал од францускиот напаѓач Оливие Жиру да „престане да го следи“ во текот на вчерашното полуфинале од СП. Фудбалерот на Фиорентина, открива дека му порачал на Жиру да „сопре“, на што тој одговорил дека добил задача да го чува само него во текот на мечот.

„Ги оставија нашите централни бекови сами. Нивниот напаѓач Оливие Жиру, ме следеше каде и да одам во средината на теренот. Дури му кажав: ‘Престани’, но тој ми одговори дека добил такви инструкции од нивниот селектор. Огорчени сме што не можевме да направиме повеќе. Франција беше активна од почетокот, но тоа всушност е комплимент за нашата сила. Беше тешко откако примивме глупав гол и потоа моравме да играме во нивниот систем. Полесно се игра со 1:0 предност“, вели Амрабат.

Scroll to Top