Top Sport

Амрабат пред потпис со Наполи, на Манчестер јунајтед не му се даваат пари

Италијанскиот шампион, Наполи, во последните денови од преодниот рок можат да го добијат Софијан Амрабат од Фиорентина, откако Манчестер јунајтед по долги преговори одбиваат да ја достигнат посакуваната цена од 30 милиони евра, тврди „Ла газета дело спорт“.

Мароканскиот репрезентативец сака да замине од Виола и засега не беше дел од тимот на Винченцо Италијано, додека „ѓаволите“ преговараа за него подолго време. Сепак, на „Олд Трафорд“ не сакаат да ја достигнат посакуваната цена за 27-годишниот играч од средниот ред, додека Наполи се подготвени да го земат на позајмица со обврск за купување, нешто на што се согласува претседателот на клубот, Роко Комисо.

Мароканецот има уште една година од договорот со Фиорентина, но клубот има опција да му го продолжи договорот за уште една сезона.

Scroll to Top