Top Sport

Поранешниот директор на Интер е уапсен во Кина

Џун Лиу, поранешниот директор и член на бордот на Интер е уапсен во Кина поради корупција, јавуваат италијанските медиуми. 46-годишниот Лиу претхдно беше претседател на компанијата „Џијангсу Сунинг“ и беше преоден генерлен директор на „нераѕурите“ и член на бордот на клубот од 2016 до 2018.

Апсењето на Лиу доаѓа шест месеци откако против претседателот на Кинеската фудбалска федерација, Чен Ксујуан беше поднесено обвинение за „сериозно прекршување на законот“, и кинеските власти ја проширија истрагата на сите фудбалски клубови во земјата.
Во март, двајца високи членови на федерацијата, Ванг Ксијаопинг и Хуанг Сонг исто така добија обвиненија за корупција.

По „бумот“ на фудбалот во Кина и високите плати кои ги даваа на големите ѕвезди да играат во нивната лига, се случи практичен колапс на лигата, а самите газди на Интер го затворија својот кинески клуб. Газдите на актуелниот кинески шампион, Вухан, Три таунс, вчера ја информираа лигата дека се подготвени да го продадат клубот бесплатно бидејќи веќе немаат средства за спонзорирање.

Scroll to Top