Top Sport

Динамо Загреб го купи тинејџерот Видовиќ од Баерн Минхен

Хрватскиот шампион, Динамо Загреб го потврди трансферот на 19-годишниот Габриел Видовиќ од Баерн Минхен, а тинејџерот ќе ја помине сезоната на позајмица за половина милион евра, по што ќе можат да го откупат за 4 милиони евра.

Видовиќ игра на позицијата крилен напаѓач и помина низ сите јуниорски категории на Баерн Минхен, но игра за хрватската репрезентација иако е по потекло од БОсна и Херцеговина.

Тој минатата сезона ја помина на позајмица во холандскиот Витесе, за кои одигра 25 мечеви и постигна четири гола.

Scroll to Top