Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти смета дека италијанскиот фудбал има „проблем со културата“ зборувајќи за навредите кои ги добива.
Анчелоти се врати во Серија А минатото лето по девет години работа во странство, каде што беше менаџер на Челси, Пари Сен-Жермен, Реал Мадрид и Баерн Минхен.
„Бев надвор девет години и ниту еднаш не добив навреда. Заборавив како е тука. Италија мора да ја поправи спортската култура, но инфраструктура – од стадионите, како тој во Наполи. Имаме многу работа“, изјави Анчелоти при примањето на наградата за етика од Универзитетот во Рим.
59-годишниот Анчелоти вели дека во Наполи со претседателот Аурелио де Лаурентис имаат „победнички проект“.
„Секогаш му го кажувам на претседателот истото – во фудбалот можеш да победиш, да одиграш нерешено и да загубиш. Најлошото што може да се случи е да загубиш, ништо пострашно. Наполи има победнички проект – клубот беше банкротиран, а сега е во Лигата на шампионите. Работиме да бидеме уште подобри“, додава Анчелоти.