Top Sport

Анчелоти: Би сакал Чаби да биде тренер на Реал

Во вториот мандат во Реал, Карло Анчелоти освои една Лига на шампиони, едно Светско клупско првенство и еден Куп на Шпанија.

Италијанецот, на крајот од сезоната ќе го напупти клубот и ќе стане селектор на Бразил. Радио Марка, вчера објави дека негов наследник ќе биде Чаби Алонсо.

Чаби Алонсо, од лани работи во Бундеслигата во тимот на Баер Леверкузен. Баер под водство на Алонсо игра одлично.

Сето ова кажува дека човекот кој пет сезони играше за Реал е совршен избор на „кралскиот клуб“.

Карло Анчелоти му беше тренер на Алонсо и во Реал и во Баерн и најдобро знае какви квалитети поседува.

„Знам дека има големо знаење и дека има можност да биде тренер овде. Сакам тој или Раул или Арбелоа да го преземат Реал бидејќи многу ги сакам и се надевам дека еден ден тие ќе бидат тренери овде“, изјави Анчелоти.

Foto/ EPA

Scroll to Top