Top Sport

Санчо исфрлен од сите активности на Манчестер јунајтед, ги избриша социјалните мрежи

Џејдон Санчо нема дозвола да влезе во ниту еден објект каде што е првиот тим на Манчестер јунајтед додека менаџерот Ерик Тен Хаг бара извинување, тврдат британските медиуми.

Санчо не смее да влегува во деловите каде што е првиот тим во тренинг-центарот во Керингтон, влучувајќи ја и заедничката менза и мора да биде со играчите од академијата, тврди „Дејли мејл“. Според нив, Тен Хаг инсистира прво да добие извинување пред да го врати во тимот, а дури и дел од неговите соиграчи побарале од него да не се инаети и да си ја спаси кариерата.

Во исто време 23-годишниот Санчо го деактивираше сопствениот акаунт на Инстаграм, каде што започна целата „мешаница“, кога фудбалерот одговори на тврдењето на Тен Хаг дека не е дел од тимот поради слабото залагање на тренинзите. „Дејли мејл“ додава дека клубот е подготвен да има загуба и да го продаде „на попуст“ во јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top