Top Sport

Анчелоти доби црвен картон по крајот на мечот по „ВАР-грабежот“! (видео)

Обично многу смирениот и сталожен менаџер на Евертон, Карло Анчелоти доби црвен картон по крајот на контроверзното 1:1 реми со Манчестер јунајтед, откако се расправаше со судиите по бизарно поништениот гол во финишот на мечот.

ВАР го поништи автоголот на Хери Мегвајр во финишот на мечот, бидејќи сметаше дека напаѓачот на Евертон, Гилфи Сигурдсон, кој лежеше на теренот е во офсајд позиција. Ова инаку е четврти пат во 2020 ВАР да поништува голови постигнати против Јунајтед – два против Челси, еднаш против Вотфорд и еднаш против Евертон.

„Не беше првпат да добијам црвен картон, нема да биде ниту последен“, им порача Анчелоти на навивачите на „карамелите“.

Јунајтед и Евертон имаа „очајни“ голмани, „волците“ го суредија Тотенхем (видео)

Scroll to Top