Top Sport

Каков тим е оваа Аталанта – ги победија Лече со 7:2! (видео)

Аутсајдерот Лече успеа да се врати од рано 0:2 водство за да израмни на 2:2 по 45 минути игра, но во второто полувреме, неверојатната Аталанта им даде пет гола за неверојатна 7:2 победа на „Виа дел маре“, уште еднаш потврдувајќи ја сензационалната форма на клубот од Бергамо.

Да не заборавиме, ова е клубот кој му даде пет гола на Милан (5:0) дома, и седум гола на Торино на гости (0:7), за вкупно досега во 25 кола да има постигнато неверојатни 70 гола, десет повеќе од вториот најефикасен клуб во Серија А, лидерот Лацио. Тука исто така беше и неверојатната 4:1 победа над Валенсија во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите. Со победата, тие исто така го заддржуваат четвртото место на табелата, со големи шест поени предност пред Рома.

Против Лече, се „активираше“ Колумбиецот Дуван Запата, кој имаше хет-трик, а голови постигнаа и Малиновски, Муриел, Иличиќ, и уште еден автогол.

Scroll to Top