Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти, го донесе првото засилување во клубот. Нов играч на италијанскиот вице-првак е португалскиот голман Руи Патрисио.
Репрезентативецот на Португалија на голот ќе го наследи Пеп Реина, кој ќе се пресели во Милан, откако одби да го продолжи договорот со Наполи.
„Треба да ги минам само уште лекарските прегледи. Преговорите се веќе завршени“, рекол Руи Патрисио.
Голманот на португалската репрезентација со Наполи ќе потпише петгодишен договор, според кој ќе добие 12 милиони евра.
Руи Патрисио целата досегашна кариера ја минал во Спортинг Лисабон. За овој клуб од 2006 година досега одиграл 327 натпревари.