Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти откри дека клубот не планира да доведе нов стопер во зимскиот преоден рок. Реал оваа сезона има многу проблеми со повреди на дефанзивците, бидејќи надвор од терените се Давид Алаба и Едер Милитао.
„Нема да купуваме стопер. Ги имаме Начо Фернандез и Антонио Ридигер. Аурелиен Чуамени и Даниел Карвахал можат да играат и како централни дефанзивци. Повторувам дека нема да купуваме ниту еден дефанзивец во јануари“, изјави Анчелоти на прес-
конференција, пренесува официјалната веб-страница на клубот.
На крајот на минатата година Анчелоти го продолжи договорот со Реал до јуни 2026 година.
„Занете дека преговарав со бразилскиот фудбалски сојуз. Горд сум што сакаа да ја предводам нивната репрезентација. Сепак, факт е дека ги држев на „стендбај“ додека чекав Реал да ми понуди нов договор. Им благодарам на Бразилците за разбирањето, бидејќи ја прифатив понудата на Реал. Исто така, горд сум што Реал сакаше да го продолжувам договорот пред истекот на мојот стар договор“, изјави италијанскиот стручњак.
Реал утре еќ го одигра првиот натпревар во 2024 година. Во Мадрид ќе гостува Мајорка од 19:15 часот.