Бразил е во потрага по селектор откако Тите си замина по елиминацијата од Хрватска, во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Прашање од милион долари е кој ќе го наследи Тите на селекторската функција?
Бразилската легенда Роналдо, тврди дека новиот селектор ќе биде 48.годишниот Фернандо Диниз, ианку актуелен тренер на Флуминенсе.
Од друга срана јавноста верува дека новиот селектор ќе биде странец. Токму тоа го тврдеше и Роналдо, но тој велеи дека Пеп Гвардиола ја одбил понудата од Фудбалскиот сојуз на Бразил.
Португалскиот новинар на Си-ен-ен, Бруно Андраде, пишува дека Бразилците сега ќе тргнат по Карло Анчелоти (63). Италијанецот наводно би можел да ја преземе бразилската репрезентација во јуни 2023 година, откако ќе ја заврши сезоната со Реал Мадрид.
Италијанецот има важечки договор со Реал до јуни 2024 година, но се претпоставува дека би можел да го напушти Мадрид една година порано поради понудата од Бразил.
Анчелоти во кариерата никогаш не бил селектор. Како тренер ги водеше Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн, Наполи и Евертон, а од 1992 до 1995 година работеше како помошник тренер во италијанската репрезентација.
Во кариерата освои се во клупскиот фудбал.