Top Sport

Планот на Клоп – Зимски трансфер Амрабат, летен Белингем

Фудбалерот на Фиорентина и марокански репрезентативец Софијан Амрабат е една од најголемите желби на Ливерпул и Јирген Клоп, тврди „Скај спорт Германија“.

Амрабат со брилијантните настапи на Светското првенство го привлече вниманието на најголемите европски клубови. Клоп и Ливерпул и пред почетокот на Мундијалот не криеја дека ќе се обидат да го реализираат трансферот на Марокенацот во зимскиот преоден рок.

„Ливерпул е прекрасен клуб“, изјави Амрабат пред неколку дена во разговор со блогерот „Борн ‘Н’ Ред“, кој е навивач на Ливерпул.

Фиорентина наводно бара меѓу 30.000.000 и 35.000.000 евра за Амрабат. Оваа сума не би требало да биде проблем за „црвените“. Исто така, ова ќе биде првата од двете карти што Јирген Клоп сака да ги има на својот шпил до следното лето бидејќи планот е да го спои со Џуд Белингем и да има среден ред кој ќе доминира во наредната деценија.

 

Scroll to Top