Реал Мадрид изминатиот викенд по 35. пат ја освоија шпанската титула, по што следуваше парада низ шпанската престолнина и прослава на титулата, предводена од расположениот тренер Карло Анчелоти.
Во неделата, пак, Анчелоти во бирано друштво ја прослави титулата – во куќата на докторот Анхе Мартин, основач на „Клиника Менорка“, Италијанецот се забавуваше со Роналдо Назарио, Луиш Фиго, Фернандо Иеро, Мичел Гонзалез и секако, познатиот „мадридиста“ Рафа Надал и неговиот тренер Карлос Моја.