Top Sport

Анчелоти: Куртоа ќе го скокне Шахтјор, но ќе биде подготвен за Ел Класико

Белгискиот интернационалец Тибо Куртоа се очекува да биде подготвен за настап на „Ел Класико“, големото дерби против Барселона кое е на програмата овој викенд. Тој ќе биде поштеден и на денешниот меч против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите.

„Се уште не сум одлучил кој ќе биде стартер против Шахтјор. Винисиус игра на сите натпревари, допрва треба да го одморам. Сепак, Бензема ќе игра бидејќи во неделата доби одмор. Азар? Можеби ќе започне, можеби не. Куртоа сега е подобар и в четврток ќе почне да тренира за да биде подготвен за Ел Класико“, изјави Карло Анчелоти.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ќе ротира дел од фудбалерите и на дуелот против украинскиот тим.

„Наша задача е да ги опоравиме играчите и денешниот тренинг е многу важен. Фудбалерите не сакаат ротации и се лутат, но на теренот секогаш го даваат максимумот. Сите ги почитуваат моите одлуки. Тие можат да му се лутат на тренерот, но не и на личноста“, објасни италијанскиот стратег.

Scroll to Top