Top Sport

Анчелоти објасни зошто Гимараеш го шутирал пеналот

Бразилскиот селектор, Карло Анчелоти, се најде на удар откако му дозволи на Бруно Гимараеш да го изведе пеналот против Норвешка, наместо тоа да го стори Винисиус Жуниор.

„Селесао“, загубија од Норвешка (1:2) во осминафиналето на Светското првенство и го заврши турнирот предвреме. Последен пат Бразил не играл во осминафиналето во 1990 година.

Можеби целиот натпревар можеше да има поинаков тек, доколку Бразил постигнеше гол, во раната фаза, во 14-та минута, кога Куња избори пенал.

Топката ја намести Бруно Гимараеш, но тој очајно го изведе пеналот, а Ниланд го одбрани неговиот удар.

Пред него, топката ја зеде Винисиус Жуниор, меѓутоа, имаше инструкција од клупата дека играчот од средниот ред на Њукасл треба да го изведе пеналот. Селекторот Анчелоти на новинарите им ја одбјасни својата одлука.

„Одлуката Бруно Гимараеш да го изведе пеналот беше донесена пред натпреварот. Промашувања на пенали се случуваат во фудбалот, а денес ни се случи и нам“, рече искусниот стратег и додаде:

„Рафиња е нашиот најдобар играч според бројките. Од играчите што беа на теренот во тој момент, најдобро рангирани беа Нејмар, Игор Тијаго, Бруно Гимараеш и Габриел Мартинели.“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');