Top Sport

Доналд Трамп и ФИФА го режираа најголемиот скандал на СП

Според информациите од британските медиуми, американскиот претседател Доналд Трамп направил сè што можел за да му биде поништена суспензијата на Фоларин Балогун пред дуелот на САД со Белгија во осминафиналето на Светското првенство.

Фудбалската јавност се уште е во шок од објавата на ФИФА дека напаѓачот на Монако ќе има право да игра во четвртфиналето, и покрај директниот црвен картон што го заработи во 64-та минута од натпреварот против Босна и Херцеговина.

Тој придонесе за победата (2:0) со гол, но ги остави своите соиграчи на цедило поради невнимателен старт. Не беше судијата Рафаел Клаус тој што погреши, но тоа не е важно кога ќе се вмеша најмоќниот човеке во светот.

„Гардијан“, дознава дека Трамп го искористил својот однос со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, за да се јави во управното тело три пати во четири дена, инсистирајќи одлуката да се поништи.

Повиците вродија со плод, бидејќи ѕвездата на САД доби помилување и „условен црвен картон“. Ова значи дека казната важи, но без суспензија.

„Ви благодарам ФИФА, постапивте правилно и поништивте голема неправда“, напиша американскиот претседтел на социјалните мрежи.

Скандалозната одлука на ФИФА, најмногу бес предизвика во Европа.

„Не знаев дека 5 јули во ФИФА е исто што и 1 април“, рече селекторот на Белгија, Руди Гарсија.
На ова се надоврзаа голем број на поранешни, врвни фудбалери. Сите ја критикуваат одлуката на Џани Инфантино и ФИФА.

Соединетите Американски Држави ќе се соочат со „црвените ѓаволи“ во вторник (02.00 часот) во Сиетл. Победникот ќе игра во четвртфиналето против подобриот тим од натпреварот меѓу Португалија и Шпанија, кој е закажан неколку часа порано (21.00 часот).

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');