Лука Модриќ (38) конечно заигра за Реал против Наполи во Лигата на шампионите, откако првпат по 11 години не одигра ниту една минута на два последователни натпревари.
Модриќ не играше против Лас Палмас и Џирона во првенството по очајната игра против Атлетико, кога беше заменет на полувремето.
Против Наполи беше третет натпревар по ред беше резерва, одигра во последните 25 минути. Шпанските медиуми и за изведбата против Наполи му дадоа лоша оценка.
Две недели Шпанците шпекулираат дека Модриќ во јанури ќе го напушти Реал.
Пред утрешниот првенствен натпревар против Осасуна, Карло Анчелоти одржа прес-конференција. Главна тема беше Лука Модриќ, поточно неговиот статус.
„Модриќ ќе замине во јануари?
Нема шанси. Тој не сака да замине и ние сме многу среќни поради тоа.
Каков е неговиот статус во тимот?
Тој мисли дека ни е важен, а ние го мислиме истото. Лука ни е многу важен.
Тогаш зошто е несреќен?
Да, тој е незадоволен од минутажата и тоа е очигледно, но јас разговарам со него секој ден и тој сепак е екстра мотивиран.
На која основа го заклучувате тоа?
Затоа што никој во соблекувалната нема таков статус. Тој е лидер. Модриќ е непроценлив за Реал. Го сакам, сите го сакаме Лука“.