Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека дуелот со Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите носи повеќе мотивација отколку притисок за него, додавајќи дека „не е тешко“ да си фудбалски тренер.
„Кралевите“ имаат само две победи во последните пет меча во Ла лига, вклучувајќи 0:0 реми против Вилјареал во саботата, но уште се лидери во шпанскиот шампионат.
„Овој меч е доволно добар да биде финале на Лигата на шампионите. Подготвени сме да победиме еден од главните ривали за титулата. Имам убави сеќавања од ПСЖ, се поврзав со фановите, а се работи за еден од најдобрите клубови на светот. Единствен притисок кој го чувствуваме пред утре е дуел со добар тим како ПСЖ, така што тоа е повеќе мотивација околу притисок. Да бидеш тренер не е тешко, туку е вистинско задоволство за мене. Да се биде на чело на Реал Мадрид или Пари Сен-Жермен е фантастично“, вели Карлето.
? @MrAncelotti: "Las sensaciones son buenas. Tenemos toda la confianza del mundo."#UCL pic.twitter.com/wGNIOMYg8w
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) February 14, 2022