Евертон вчера во последен момент извлече 3:3 возбудливо реми против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, а најсреќен очигледно беше помошникот тренер на „карамелите“, Данкан Фергусон, откако големиот Шкотланѓанец со бурен темперамент успеа да го исплаши менаџерот Карло Анчелоти, кому очигледно му беше непријатно од целата ситуација.
Ако го познавате карактерот на Фергусон, секако, стравот е оправдан – сепак, се работи за човекот кој отслужи затворска казна за напад на противнички фудбалер, имаше четири кривични пријави, и двапати претепа крадци во неговиот дом.
Фергусон во 1994 година доби тримесечна затворска казна за инцидент на фудбалскиот терен, откако како фудбалер на Глазгов Ренџерс со глава го удри Џон Мекстеј од Рејт роверс. Првата кривична пријава ја доби за удирање на полицаец, втората за удирање со глава на еден навивач на Ренџерс (на патерици), а четвртата за пресметка со еден рибар во паб во Шкотска.
Тој беше бестрашен на теренот во над 200 натпревари за Евертон, а заедно со Патрик Виеира има рекордни 8 црвени картони во Премиер лигата. По крајот на кариерата, темпераментот не му се смени. Во 2011 година, двајца крадци влегоа во неговиот дом во Рафорд, Англија, но за жал налетаа на него и тој успеа да фати еден од нив и да го претепа, по што крадецот помина три дена во болница. Две години подоцна, Фергусон пак фати крадец во својот дом, кој исто така заврши во болница и потоа го тужеше Фергусон за физички напад.
Реакцијата на Карло е сосема оправдана!
We're loving the passion from Duncan Ferguson after that late Everton goal!! ? pic.twitter.com/yQzCLf2spi
— Soccer AM (@SoccerAM) February 6, 2021