Top Sport

Анчелоти: Сити се фаворити во ЛШ

Реал Мадрид утре, против дебитантот Унион Берлин ќе ја започне новата сезона во Лигата на шампионите.

На прес конференцијата пре натпреварот, тренерот на Реал, Карло Анчелоти, истакна дека неговиот тим не е фаворит за трофејот.

„Сити е фаворит, бидејќи има тим кој му овозможи да победи минатата година и речиси не се промени. Но, Лигата на шампионите, во завршната фаза, секогаш носи изненадувања“.

Која е крајната цел на Реал оваа сезона во елитното натпреварување?

„Да ја поминеме групата, осминафиналето, четвртфиналето… Наше е да се натпреваруваме до крај. Мислам дека, без голем притисок, можеме да кажеме дека мораме да бидеме во финалето. Никогаш нема да кажам дека сме фаворити и Сити нема да го кажат тоа“.

Реал утре во терминот од 18.45 часот ќе го пречека Унио Берлин.

Scroll to Top