Top Sport

Два дена пред мечот со Ајакс Марсеј остана без тренер

Два дена пред натпреварот со Ајакс во Лига Европа, славниот француски клуб, Олимпик Марсеј остана без тренер. Марселино Гарсија Торал, шпанскиот тренер, поднесе оставка на функцијата. Синоќа, навивачите, на состанокот со клупските челници, побараа од нв да си поднесат оставки.

Марселино поднесе оставка и покрај тоа што тимот нема пораз во водените пет рунди во Лига 1 и што има само два бода помалку од лидерот Монако. Во Марсеј се незадоволни од елиминацијата во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Марселино е поранешен тренер на Атлетик Билбао, Валенсија, Виљареал, Севилја…

Додека клубот не назначи нов тренер, Марсеј од клупата ќе го води легендарниот Жан-Пјер Папен.

Scroll to Top