Top Sport

Анчелоти: Тажен сум поради ситуацијата во Челси, но Лампард ќе биде одличен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека е тажен поради ситуацијата во неговиот поранешен клуб Челси, но го поддржа Френк Лампард на неговата позиција како привремен менаџер пред дуелот на двете екипи во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“.

„Сините“ се на 11. место во Премиерлигата и влегуваат во мечот со Реал по 1:0 поразот од Вулверхемптон, во првиот меч на Лампард на чело на тимот. Анчелоти, кој беше поврзуван со враќање во Челси, вели дека нема да го потцени противникот и додава дека нема предност против Лампард поради неговото искуство.

„Тажен сум што ги гледам во ваква позиција, најмногу поради сите луѓе кои ги познавам и уште работат таму. Навивам за Челси, поминав две фантастични сезони таму. Имам повеќе од 20 години искуство, но тоа нема да го смени текот на натпреваарот. Лампард е одличен менаџер, вистински професионалец и во овој случај моето искуство нема да значи многу. Вистината е дека тој пристигна пред само една недела и знае колку тежат овие мечеви. Ќе биде одличен во Челси“, вели Анчелоти.

Иако Реал Мадрид играат во финалето на Копа дел реј, заотануваат 13 поени зад Барселона во Ла лига, зголемувајќи ги шпекулациите дека Анчелоти може да си замине пред крајот на договорот во 2024.

Scroll to Top