Top Sport

Претседателот на Ал-Наср: Двапати ме излажаа, еднаш за кебаб, еднаш за Роналдо!

Портпаролот на Ал-Наср, Валид Ал-Мухаидиб ги демантираше шпанските медиуми кои објавија дека нивниот поранешен претседател, Мусали Ал-Муамар признал дека бил „измамен“ од пристигнувањето на Кристијано Роналдо во клубот од Саудиска Арабија.

Според „Марка“, Ал-Муамар кажал: „Двапати ме излажаа во животот, еднаш кога побарав три кебаби, а добив само два, и вторпат кога потпишав со Кристијано Роналдо“.

Роналдо има 11 гола во 14 настапи за Ал-Наср, но клубот доживеа порази во куп натпреварувањата и во директните дуели со ривалите за титулата. Од Ал-Наср тврдат дека изјавата е фабрикација.

„Тоа што го пишува во шпанскиот печат дека бевме измамени на договорот на Роналдо е преземено од ‘Арабија Њуз 50’, нешто што не постои во Саудиска Арабија. Тие го преземаа тоа и сметаа дека се многу смешни“, вели портпаролот Ал-Мухаидиб.

Scroll to Top