Top Sport

(Видео) Франција во невидена драма ја победи Шведска и се пласира во финалето на ЕП

Олимпискиот шампион Франција, во неверојатна драма, славеше над европскиот првак Шведска со 34:30 (27:27, 17:11), во првото полуфинале на Европското првенство.

Франција блескаше во првиот дел, предводена од голманот Беласен, во 13.минута беше 9:4, а четири минути подоцна 12:5. На полувреме триколорите“ имаа предност од шест гола.

Вториот дел во целост им припадна на Швешаните. Во првите 10 минути со серија 7:1, ја анулираа негативата. Предводник во пресвртот беше голманот Паличка и левиот бек Клар.

Во финишот Шведска влезе со предност 27:25, го имаа бранителите на титулата и последниот напад на натпреварот при резултат 27:26, но Годфрисон направи грешка, Французите тргна во контра и добија фаул на 10 метри од голот со истекот на времето.

Во тој момент се случи чудо, Пранди го измами шведскиот ѕид, испрати проектил во голот на Паличка, со што на Франција и обезбеди продолженија.

Во дополнителното време Шведѓаните не успеаја да се оправат од шокот, се разигра Наи, Франција експресно створи предност од три гола, која и обезбеди пласман во финалето.

Деска ја предводеше Франција со осум гола, кај Шведска најефикасен беше Клар со девет гола, а Пличка имаше 14 одбрани (три седмерци).

Scroll to Top