Top Sport

Анчелоти за скандалот со обложување: Тие играчи се болни

Еден од најголемите скандали во европскиот фудбал е поврзан со неколку познати италијански играчи и нивните признанија за нелегално обложување.

Николо Фаџоли прв падна во рацете на истражителите, а потоа на распит во полиција завршија и репрезентативците Заниоло и Сандро Тонали. Тие во моментов се под истрага на обвинителството во нивната земја и доколку бидат прогласени за виновни, ќе се соочат со казни до три години суспензија од фудбалот.

Дополнително, има многу информации дека во наредните денови ќе бидат објавени уште неколку имиња вмешани во скандалот.

„Ова се големи грешки, тие играчи се болни и треба да се лекуваат“, беше првата реакција на Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид.

„Од научна гледна точка, зависноста од коцкање е болест. За мене, сепак, ова е личен неуспех и не треба да се претставува како дамка на целиот италијански фудбал. Нека биде задоволена правдата. Според мене, овие момци го прекршија правилото, кое е сосема јасно: не можете да се обложувате, тоа е многу едноставно. Сите ние кои се залагаме за ова сме свесни“, рече Анчелоти.

Scroll to Top