Португалскиот фудбалер Андре Силва не е сигурен дали по завршувањето на сезоната ќе се врати во Милан или ќе остане во редовите на Севилја.
Силва во Андалузија е позајмен од Милан, за Севилја тој сезонава има постигнато 11 гола.
„Доколку можев да бирам ќе изберев да игра, за најдобриот клуб во светот. Доколку треба да изберам дали да бидам стартер во Севилја или да се вратам во Милан и да не играм, тогаш мојот одговор е јасен. Играм за Севилја, а сум фудбалер на Милан. Доколју Севилја решат да ми понудат договор, тоа ќе биде поради тоа што ми веруваат. Се уште е рано да се говори на оваа тема“, изјавил Силва за „Газета дело Спорт“.
Андре Силва има 23 години, а во кариерата има настапувано и за Порто.