Top Sport

Андре Силва на позајмица во Реал Сосиедад

Реал Сосиедад постигна договор со Лајпциг за едногодишна позајмица на Андре Силва. Клубот од Сан Себастијан потврди дека со играчот се договорени личните услови.

Андрес Силва на 20. годишна возраст дебитираше за Порто, две години подцна за 38.000.000 евра се пресели во Милан.

На „Сан Сиро“ не ги оправда очекувањата, постигна 10 гола во првата сезона, поради што Милан го испрати на позајмица најпрвин во Севилја, а потоа и во Ајнтрахт Франкфурт.

Во Франкфурт ја врати формата, па клубот реши да го откупи неговиот договор од Милан.

Добрите настапи во дресот на Ајнтрахт, му овозможија трансфер во Лајпциг. „Биковите“ за него платија 23.000.000 евра. Минатата сезона Силва постигна 26 гола. Еден токму против Сосиедад во Лига Европа.

Сосиедад се договори за едногодишна позајмица со опција да го откупи договорот на Силва на крајот од сезоната. Силва во Сан Себастијан дојде да го замени Норвежанецот Александер Серлот кој реши кариерата да ја продолжи во Виљареал.

Scroll to Top