Top Sport

Марсело: Најтешкиот момент во кариерата (Видео)

Бразилскиот фудбалер Марсело се огласи на Инстаграм откако му ја скрши ногата на својот ривал Лучијано Санчез.

Првотимецот на Флуминенсе без намера го згазна противникот на натпреварот од Копа Либертадорес против Аргентинос јуниорс, па го испрати на неколку месечна пауза.

Доби директен црвен картон, и го напушти теренот плачејќи и држејќи се за глава.

„Денеска го доживеав најтешкиот момент во кариерата. Ненамерно повредив колега. Лучијано Санчез, ти посакувам најдобро можно опоравување и сета сила на светот“, напиша Марсело.

Марсело е член на Флуминенсе од февруари годинава, кога пристигна од Олимпијакос.

Најголемиот успех во кариерата го постигна носејќи го дресот на Реал Мадрид за кој настапуваше 15 години.

Кога станува збор за Лучијано Санчез, првите прогнози се дека тој ќе паузира помеѓу осум и 12 месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marcelo Vieira (@marcelotwelve)

Scroll to Top