Top Sport

Андреа Ањели – човек со визија или „гробар“ на европскиот фудбал?

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, заедно со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и ко-претседателот на Манчестер јунајтед, Џоел Глејзер се двигателите на контроверзниот нов проект за Европската Суперлига, во која 12 клубови објавија формирање на елитно друштво со огромна финансиска поддршка од банката „Џеј Пи Морган“.

Тие кои беа изненадени од ова, мора да се потсетат дека Ањели подолго време зборува дека системот на УЕФА и ФИФА е „неодржлив“ и дека мора да се преземат чекори за да се обезбеди фудбалска иднина. Проценките ги кажа уште во март.

„Мораме да ги поставиме фановите во центарот. Сегашниот систем не дава многу за модерните фанови и има погрешна перцепција за тоа кои се фудбалските фанови. Ако се гледаат истражувањата, третина од фанови следат најмалку два клуба, ситуација што не беше таква пред неколку години. Исто така, 10 отсто од фановите следат фудбалери, а не клубови, две третини следат фудбал од страв да пропуштат нешто, 40 отсто од тие на 16 до 24 години, славната генерација Ц, нема никаков интерес за фудбалот. Има премногу мечеви кои не се конкурентни, дома и во куповите“, кажа тогаш Ањели.

Ањели: Фудбалот мора да се промени, постојано се расправам со Чеферин

Флорентино Перез во посета на Јуве и на претседателот Ањели!

Scroll to Top