Фудбалерот од средниот ред на Тиквеш, Андреј Лазаров, прави трансфер во Хрватска. Тој во новата сезона ќе го носи дресот на новиот хрватски прволигаш Рудеш, а тренер ќе му биде светски познатиот Роберт Просинечки.
„Како клуб кој ги афирмира и едуцира младите фудбалери во професионалци, чест ни е да ја објавиме веста дека досегашниот наш фудбалер Андреј Лазаров, потпиша договор со новиот прволигашот Рудеш од Хрватска, клуб во кој играл и Роберт Просинечки.
Му се заблагодаруваме за двегодишниот ангажман и му посакуваме успешна сезона. ГФК Тиквеш 1930 и во иднина ќе биде отскочна даска за сите млади талентирани фудбалери“, истакнаа од кавадаречкиот клуб.
Од Тиквеш претходно си заминаа и Анаел Барга Нгоба, Николај Христов, Стефан Наумчески, Урош Мирковиќ, Стефан Костов и Виктор Наумовски.