Top Sport

Андриќ објави долго писмо за Адеми: Од почит повлечете го бројот 5

Меѓу бројните фудбалери кои му оддадоа почит на Аријан Адеми и се што направи за Динамо, еднo од најемотивните обраќања имаше Комнен Андриќ (27). Поранешниот напаѓач на Динамо и српската репрезентација до 21 година, кој минатото лето се пресели во Клермон, на Инстаграм ја објави својата посвета за Адеми. Потенцира дека никогаш во кариерата не сретнал играч како него.

Отвореното писмо на Андриќ го пренесуваме во целост.

„Пензионирајте го бројот 5 од почит!!! 21 трофеј!!! Размислувам како да започнам… Легенда на клубот!

Чесен, лут, непопустлив, авторитетен, борбен до последен атом, брат, пријател, советник се само дел од квалитетите кои се дел од твојот идентитет. Сум играл со толку многу фудбалери, многу од нив се неверојатни и денес играат во најдобрите клубови во светот, но никогаш во кариерата не сум сретнал некој како тебе!

Твоето присуство на теренот беше неизмерно, доволно целиот тим да се чувствува подобро, ти беше срцето и душата на тимот! Сите млади фудбалери кои поминаа низ Динамо за време на мојот престој пораснаа, созреваа и учеа од тебе на најдобар можен начин!

Научија како да работат, како да почитуваат и што значи правилниот однос кон фудбалот и што нуди фудбалот.

Секогаш беше „гладен ѕвер“ на секој тренинг, на секој натпревар. Пораз за тебе не постои, само школо и лекции! Сè уште се прашувам како е можно некој да биде на 110% на секој тренинг, на секоја топка, на секој дуел и на секоја секунда на теренот. Веројатно долго ќе се прашувам, бидејќи тоа го видов само кај тебе.

Моето место во соблекувалната беше веднаш до тебе, лево. Додека сум жив, никогаш нема да заборавам кога пред важен натпревар од Лигата на шампионите дојде и седна со наведната глава кон подот и остана така речиси една минута. Како јас, кој забележувам и следам се, сфатив дека нешто не е во ред, погледнав малку поблиску и видов дека твоите очи се полни со солзи. Тогаш разбрав и видов што се случува. Крваво стапало од многу инјекции, пукната коска во стапалото, а ти земаш инјекции против болка (блокада), стегаш заби и излегуваш на теренот како ранет ѕвер да умреш за клубот и соиграчите. Тоа си ти!

Денес нема многу такви. За тебе нема линија на помал отпор, има само искреност и чесност, дури и по цена тоа да ти предизвика најголема штета, таков си! Затоа сите те ценат толку многу, не само во нашиот клуб и меѓу нашите навивачи, туку и во клубовите на најголемите ривали и меѓу луѓето. Толку многу трофеи, толку многу успеси, признанија, а сепак секогаш мирен, самостоен, претпазливи и гладен за успех!

Ти благодарам, капитену за се, ми беше големо задоволство да бидам воин на твојата војска и со среќа во твоите нови предизвици!

Еден е капетанот Аки!“, напиша тој.

Scroll to Top