Поранешниот француски голгетер Никола Анелка е нов младински тренер на прволигашот Лил, негова прва тренерска работа по повлекувањето од фудбалот во 2015 година.
„Никола ќе работи со фудбалери од 14 години до тие во резервниот тим. Мислам дека едвај чека да почне“, изјави претседателот на Лил, Жерар Лопез.
39-годишниот Анелка се пензионираше во 2015 по кариера во која играше во клубови како ПСЖ, Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер сити, Челси и Јувентус. Тој исто така имаше и 69 настапи за француската репрезентација и сега се враќа во својата татковина 16 години откако замина од ПСЖ да игра за Манчестер сити во 2002 година.
Анелка е последниот од неговата генерација кој се реши да стане тренер, по Патрик Виера (Ница) и Тјери Анри (Монако).
Фото: ЕПА