Во Лозана, Швајцарија, беа извлечени групите во новоформираната Лига на нации на УЕФА.
Македонија беше носител во Д лигата, а за противници во Групата 4 ги доби Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.
Целта на репрезентацијата е да заврши на првата позиција, а главен конкурент треба да биде Ерменија, репрезентацијата која ја предводи Хенрик Мхитаријан
„Наша цел е првото место, ќе играме за да победиме во групата. Ќе одлучува пресметката со Ерменија, но мораме да бидеме максимално мотивирани и подготвени и против Лихтенштајн и Гибралтар. Ќе се сконцентрираме на анализа на противниците, но треба на сите да ни е јасно дека најважни сме ние, ние мораме да бидеме во наше најдобро издание. Се надевам дека ќе бидеме здрави и целосно ќе се фокусираме на натпреварувањето. Верувам во квалитетот и карактерот на нашите фудбалери бидејќи покажаа дека можеме да се надигруваме и со далеку поквалитетни репрезентации. За успех е потребна поддршка од сите, оваа Македонија тоа го заслужува“, ја пренесува изјавата на селекторот Игор Ангеловски, официјалната интернет страница на Фудбалската федерација на Македонија.