Top Sport

Ангеловски и Пандев со благодарници од АМС: Тимот докажа – кога има слога, има и успех!

Агенцијата за млади и спорт денеска им додели благодарници на сега веќе екс-селекторот на машката македонска фудбаласка репрезентација, Игор Ангеловски и екс-капитенот, Горан Пандев за пласманот и игрите прикажани на ЕУРО2020.

По мечот со Холандија во групната фаза, и Ангеловски, но и Пандев ја завршија својата мисија во националниот тим.

„Тимот докажа дека кога има слога, има и успех. Безразлика кој од каде доаѓа нашите репрезентативци докажаа дека сплотеноста на тимот е предуслов за тоа што го постигнавме. Покажавме дека сме мала земја со големо срце“ рече популарниот Мрме.

На неговите зборови се надоврза и „Гранде Пандев“.

„Европското е голем успех за секоја репрезентација, особена за нашата. И покрај големите остварувања во мојата долгогодишна фудбалска кариера, за мене настапот на европско првенство со мојата репрезентација е моментот кој го чекав сите овие години“ – порача тој.

Директорот на АМС, Наумче Мојсоски им се заблагодари за позитивните емоции кои ги предизвикаа кај нацијата.

„Јас доаѓам од спортот и знам како треба да се вреднува спортскиот дух. Мојата цел како директор на Агенција за млади и спорт и на секој еден кој бил дел од спортот да го добие тоа што го заслужува, а за тоа потребна е добра организација, тимска работа и пред се’ чесна трудољубива работа и на самите спортисти, како и на клубовите и федерациите кои ги поддржуваат. Најдобар пример за тоа се капитенот Пандев и селекторот Ангеловски“ порача Мојсоски.

Scroll to Top