Top Sport

Анчелоти: Алаба е интелигентен играч, многу ќе ни значи во тимот!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде оценка на првите 10 дена од подготовките на мадридскиот тим. Тој за клупската телевизија рече дека е посебно задоволен од залагањето на некои фудбалери.

„Многу сум задоволен од квалитетот што го покажаа младите фудбалери, но и од фудбалската глад што ја демонстрираат ветераните“ рече италијанскиот стратег.

Тој посебно ги истакна имињата на Марсело, Карвахал, Начо и Лукас.

„Тоа се играчи кои освоиле се, но и понатаму се гладни за успех и тоа е многу позитивна работа. Направивме доста на физички план, играчите добро одговорија и тоа е причината што сите сме среќни“ вели „Дон Карло“.

Во врска со засилувањето од Баерн Минхен – Австриецот Давид Алаба, Анчелоти кој работел со него во минхенскиот клуб, смета дека се работи за интелигентен играч кој многу ќе му значи на тимот.

„Сјаен играч, има многу квалитети и тактичко чувство. Кај мене во Баерн порано играше во централната фаза, но сите веќе видовме дека во австриската репрезентација игра лево, и тоа многу добро. Интелигентен играч е“ вели Италијанецот.

Анчелоти вели дека е свесен што се се очекува од него и од екипата.

„Мора да сме свесни за историјата на Реал Мадрид и стилот кој сакаме да го имплементираме. Мора да играме убав фудбал“ вели тренерот на Реал.

Scroll to Top