Игор Ангеловски творецот на најголемиот успех на македонскиот фудбал без работа е од 1.август кога му заврши договорот со ФФМ. Ангеловски се повлече од репрезентацијата по натпреварот со Холандија на Европското првенство.
Шест месеци по дуелот во Амстердам, Ангеловски, би можел да и се врати на својата работа.
Бугарските медиуми тврдат дека е главен кандидат за нов тренер на Лудогорец, додека Полјаците не ја исклучуваат можноста тој да ја преземе Легија Варшава.
Лудогорец, неодамна го отпушти тренерот поради лошите резултати во Лига Европа, додека Легија бара тренер кој ќе го раздвижи тимот, кој игра скандалозно и се наоѓа на претпоследното место во домашното првенство.