Top Sport

Џеко неизвесен за Финска и Украина

Един Џеко е неизвесен за клучните квалификациски натпревар што ќе ги одигра Босна и Херцеговина во текот на оваа недела. БиХ се обидува да се избори за едно од првите две места во групата, во која лидер е Франција.

Џеко, се повреди во неделата, во „Дерби дела Мадонина“. Милан и Интер одиграа 1:1, а Џеко пред време го напушти теренот.

Од Фудбалскиот сојуз на БиХ, информираа дека капитенот, поради повредата е вклучен во програма на физикална терапија.

„Се надевам дека сепак ќе добиеме позитивни вести и дека Џеко ќе биде подготвен за натпреварот во сабота“, рекол селекторот Ивајло Петев.

БиХ, во сабота, ќе ја пречекаат Финска, а три дена подоцна ќе гостуваат во Украина.

Scroll to Top