Top Sport

Ангеловски: Респект за Полска, но одиме напред!

Македонскиот селектор Игор Ангеловски, заедно со десниот бек на репрезентацијата, Стефан Ристовски ја „одработеа“ прес-конференцијата пред утрешното гостување кај Полска, првите фаворити во нашата квалификациска група за Евро 2020.

„Добро се знае со какви проблеми се соочувавме и пред Словенија. Во овој момент не можам да кажам ништо дефинитивно на кого ќе можам да сметам во моментов, туку најпрво морам да се консултирам со лекарскиот тим. Не е важно против кого играме, туку за што играме. Ние играме за нешто големо, и не може никој тоа да ни го одземе. Респект за Полска, но ние ќе го дадеме максимумот, а дали тоа ќе биде доволно за нешто, ќе видиме. Можам да кажам дека уживам во моментов со овие момци кои го даваат максимумот на секој меч. Левандовски е најопасниот играч на Полска, ме импресионираше уште кога играше за Борусија. Но мене ме импресионираат и моите фудбалери и она што тие го покажуваат во моментов “, изјави селекторот Ангеловски.

Ристовски предупредува дека се работи за многу важен меч за нашата репрезентација.

„Мораме да влеземе со ладни глави и психичски сме каде што треба да бидеме. Зошто утре да не биде уште еден историски натпревар за нас? Уште подобро ќе се чувствуваме играјќи пред толку публика. Ако сакаме на Европско првенство, мора да се навикнеме на ваква атмосфера, мора таа да е секјдневие, како што се подготвува да биде тука во Варшавa”, рече Стефан Ристовски.

Scroll to Top