Top Sport

Фјури ќе станува кечер – Вајлдер му порача: „Твојот појас е невидлив“

Дионтеј Вајлдер му се изнасмеа на својот поранешен ривал во боксерскиот ринг, Тајсон Фјури, кој се нарече „шампион во тешка категорија“ при шоуто во ВВЕ (WWE) федерацијата на кечери, каде што ќе дебитира против Браун Строумен.

Фјури и Строумен во петокот имаа прес-конференција на која изби хаос, но Вајлдер вели дека е смешно што Британецот се нарекува светски шампион.

„Го видов во ВВЕ! Беше супер-смешно што другиот борач му кажа дека ќе остане на грб гледајќи во светлата како со Дионтеј Вајлдер. Ова е возбудлив период во тешката категорија и очигледно во ВВЕ го следат тоа, но навистина е уште посмешно што Тајсон се претстави како шампион во тешка категорија. Тајсон, ти не си шампион, туку едвај си во топ 10. Тој е шампион со невидлив појас“, вели Вајлдер.

Фјури стана шампион во тешка категорија откако го победи Владимир Кличко на поени во 2015 година, а имаше шанса да ја врати ВБЦ титулата против Вајлдер, но контроверзниот меч во 2018 заврши без победник. Пред нов обид против Вајлдер, Фјури ќе се бори со Строумен во ВВЕ во октомври, додека Вајлдер ќе го брани појасот против Луис Ортиз во ноември.

Scroll to Top