Италија им порача на англиските навивачи, кои сакаат да присуствуваат на четврт-финалниот меч со Украина, да не доаѓаат во Рим. Оние кои ќе дојдат во Рим, најпрвин ќе мора да бидат пет дена во карантин. Натпреварот се игра три дена.
„Би сакал да потсетам дека поради моменталната ситуација со коронавирусот и неговата варијанта Делта, секој гостин од Обединетото Кралство ќе биде пет дена во карантн“, рекол Алесио Д’Амато од министерството за здравство на Италија.
Прв пат од почетокот на Европското првенство репрезентацијата на Англија ќе го напушти Лондон. Во сабота, во четврт-финалето на Олимпико, Англија ќе игра против Украина.