Top Sport

Англичаните бараат понеделник да биде неработен ден – Ќе ја славеле титулата на ЕП

Англичаните побарале од својата влада, понеделник да биде прогласен за неработен ден, за да можат да ја прослават титулата на Европското првенство.

Повеќе од 300.000 луѓе ја потпишале петицијата, со која се бара од премиерот Борис Џонсон, понеделник да биде неработен ден.

„Да видиме што ќе се случи, потоа ќе донесеме одлука“, рекол Џонсон.

Англија живее со репрезентацијата, навивачите се убедени дека прв пат во историјата ќе ја освојат европската титула. Единствениот репрезентативен трофеј, Англија го освоила пред 55 години.

За титулата Англија ќе се бори против Италија. Натпреварот се игра во недела од 21 часот.

Scroll to Top