Европската фудбалска федерација (УЕФА) неодамна најави промени во натпреварувачкиот систем во европските купови. Промените добија поддршка и од Европската асоцијација на клубови.
УЕФА и клубовите сакаат промени во форматот на натпреварувањето, но барем засега не е познато какви ќе бидат промените. Предлогот во Лигата на шампионите да играат 32 екипи поделени во четири групи го одбиле Англичаните.
Исто така од Островото не го прифатиле ниту предлогот пласманот во ЛШ да се обезбедува преку резултатите од минатото, а на според пласманот на табелата. Овие предлози ги одбиле сите 20 Премиерлигаши.
„Сите клубови едногласно донесоа одлука дека неприфатливо е европските фудбалски организации да носат одлуки поврзани со календарот и компетитивноста на домашните натпревари. Заедно ќе работиме за да ја заштитиме Премиер лигата. Фудбалот во Англија е дел од културата и секојдневниот живот. Милиони навивачи доаѓаат на натпреварите низ целата земја и ривалитетот меѓу клубовите се пренесува од генерација на генерација. Ќе го браниме нашиот фудбал со сите сили“, стои во соопштението од Фудбалската федерација на Англија.
Промените во ЛШ УЕФА планира да ги воведе од сезоната 2024/2025.