Англија и Франција имаа совршен старт на квалификациите за Европското првенство следната година со убедливи победи, додека Португалија, повторно со Кристијано Роналдо во составот, не успеа да ја совалда цврстата Украина во реми без голови.
Англичаните, освојувачите на четвртото место на минатогодишното СП, на „Вембли“ ја „демонтираа“ Чешка со 5:0, предводени со хет-трикот на Рахим Стерлинг и голот од пенал на Хери Кејн.
Франција пак, имаше уште полесна задача, откако на гостувањето во Молдавија во полн состав го решија победникот во првите 36 минути за 4:1 победа. Антоан Гризман, Рафаел Варан и Оливие Жиру погодија во првото полувреме, додека Килијан Мбапе стрелаше во второто за светските шампиони со победа да ги стартуваат квалификациите во групата во која немаат вистински ривал (покрај Молдавија, тука се и Турција, Албанија, Исланд и Андора).
Португалците на „Естадио да луж“ ги почнаа квалификациите за турнирот на кој ќе ја бранат титулата освоена во 2016 година, и против себе го имаа својот најголем ривал во групата Б – одличната Украина под Андриј Шевченко. Кристијано Роналдо ја прекина паузата од настапите за националниот дрес, но тоа не беше доволно да се победи Украина и на крајот мечот заврши 0:0.
ЕВРО 2020 КВАЛИФИКАЦИИ, 1.КОЛО
ГРУПА А
Англија – Чешка Република 5:0
Бугарија – Црна Гора 1:1
ГРУПА Б
Луксембург – Литванија 2:1
Португалија – Украина 0:0
ГРУПА Х
Албанија – Турција 0:2
Андора – Исланд 0:2
Молдавија – Франција 1:4
Фото: ЕПА