Top Sport

Англичаните ќе го казнат Мустафи за прославата со „орелот“? (видео)

Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија најверојатно ќе го казни дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи за неговата прослава со „орелот“ против Кардиф сити, пишуваат британските медиуми.

26-годишниот Мустафи, кој е германски државјанин со албанско потекло постигна фантастичен гол со глава по корнерот на Гранит Џака пред да го покаже „орелот“. Џака и неговиот колега од швајцарската фудбалска репрезентација Џердан Шаќири беа финансиски казнети за ваквата прослава на головите при 2:1 победата над Србија на СП во Русија.

Според правилата на ФА, сите фудбалери „мораат да се воздржат од користење навредливи и провокативни гестикулации“, а се забрануваат и сите „локални, регионални, национални или интернационални органзации, групации и партии“.

Лаказет извлече тешка победа за „топчиите“ во Велс (видео)

Scroll to Top