САД вчера ја совлада Англија со 2:1 за да се пласира во финалето на Светското првенство за жени, а стрелец на победничкиот гол беше Алекс Морган, која ги вознемири Англичаните со својата прослава како да пие чај.
Дел од англиските медиуми сметаа дека начинот на прослава е директна навреда кој нацијата чиј стереотип е пиењето чај, но многумина сметаа дека ова е потсетување на таканаречената „Чајанка“ од 1773 година во Бостон, кога Американците се побунија против Англичаните. Победата доаѓа само два дена пред 4 јули, Денот на независноста на САД.
„Од времето кога Бостон го фрли чајот во морето, Англија не била понижена со чај на ваков начин“, стои на насловната на „Њујорк пост“.
Англиската фудбалерка Лиен Сандерсон пак, не гледаше духовитост во потегот.
„Очекував Алекс да даде гол, но не сум задоволна со прославата. Ние во Англија го сакаме нашиот чај и иако јас не го пијам, мислам дека е малку невкусно“, изјави фудбалерката на Јувентус.
Ова не е првпат Американките да се под критика за прославите – посебно по 13:0 победата над Тајланд.
„Сакав да биде интересно. Меган Рапино имаше одлична прослава и морав да ја надминам“, изјави Морган пред новинарите, откако се појави со чаша чај да прослави.
Alex Morgan trolling England by sipping tea is LEGENDARY ??pic.twitter.com/BzIBNx0xzu
— Complex Sports (@ComplexSports) July 2, 2019
Just another tea party… ??☕ pic.twitter.com/pdFQlEohFW
— FOX Soccer (@FOXSoccer) July 2, 2019
The cheek of Alex Morgan, having a cup of tea the morning after beating England and mocking them with a tea celebration. pic.twitter.com/4D9RluVROs
— Niall ㋡ (@niallmoran_) July 3, 2019
This is seriously testing my love of America. pic.twitter.com/1oZbaP1qvH
— Piers Morgan (@piersmorgan) July 3, 2019
We’re sorry, England. ??? pic.twitter.com/hhu0yWLhz8
— FOX Soccer (@FOXSoccer) July 2, 2019