Top Sport

Англичаните одбраа–Џордан Хендерсон најдобар домашен играч за 2019 година

Фудбалерот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е прогласен за најдобар англиски фудбалер за 2019 година во изборот на Англиската федерација (ФА).

Играчот од средниот ред на „црвените“ ги победи конкурентите Хари Кејн (Тотенхем) и Рахим Стерлинг (Манчестер Сити) кои на индивидуален план имаа предност пред капитенот на Ливерпул. Сепак токму големиот успех со европскиот шампион беа пресудни трофејот да отиде во рацете на Хендерсон.

Покрај успесите со Ливерпул минатата година, Хендерсон беше стандарден и во „Гордиот Албион“ кој доминантно ги заврши квалификациите за ЕУРО 2020. Тој има 50 настапи за селекцијата.

Со тоа Хендерсон ја прекина доминацијата на Кејн кој две години по ред доаѓање до признанието.

Scroll to Top