Top Sport

Чешка и Шведска во втора фаза со нули, Норвешка ќе пренесе 2 бода (видео)

Чешката ракометна репрезентација е вториот патник во следната фаза од групата Б, во која беше и Македонија, на ЕП. Чесите и се придружија на селекцијата на Австрија откако вечерва очекувано славеа победа против Украина со 23-19.
Во групата Б Австрија пренесува 2 бода во следна фаза, а Чешка не пренесува бодови во новиот сегмент.
Македонија заврши трета во групата со 1 победа и 2 порази, а Украина е последна со 3 порази.


Ко-домаќинот на ЕП, селекцијата на Норвешка вечерва на домашен паркет ја совлада Португалија со 34-28 и така го освои првото место во групата Д. Норвежаните ќе пренесат два бода во следната фаза, додека Португалија со 0 бодови сепак изненадувачки е во следниот сегмент на сметка на Франција која не ја помина групната фаза.


И другиот ко-домаќин на првенството, селекцијата на Шведска ја мина групата откако вечерва беше подобра од Полска, 28-26. Швеѓаните како второпласирани од групата Ф одат во главна фаза. Од истата група таму се најде и Словенија која беше беспрекорна во групата, со 3 од 3.

Scroll to Top