Top Sport

Куп на Италија: Лацио го среди Кремонезе, Интер немаше проблеми со Каљари

Фудбалерите на римски Лацио го победија Кремонезе со 4-0 во меч од осминафиналето на Купот на Италија. Лацијалите се пласираа меѓу осумте најдобри екипи во Купот и закажаа дуел со екипата на Наполи.

„Небесно сините“ поведоа во 10-тата минута со голот на Патрик Габарон кој прецизно биеше од 6 метри од противничкиот гол.

Лацио ја дуплираше предноста во 26 минута откако Пароло погоди за 2-0.

На 3-0 зголеми Имобиле со погодок од белата точка во 58 минута, а конечните 4-0 беа дело на Бастос во 89 минута.
https://youtube.com/watch?v=CDXZi2euYUY
Ниту второпласираната екипа во Серија А, милански Интер немаше проблеми да дојде до осминафиналето во Купот на Италија. Триумф против Каљари со 4-1.

„Нероазурите“ поведоа уште во првата минута, стрелец беше Лукаку. На 2-0 зголеми Валеро во 22 минута.
На 3-0 зголеми Лукаку со својот втор гол во 49 минута.

Гостите намалија на 3-1 преку Олива во 73 минута, а конечниот резултат беше дело на Ранокија во 81 минута.
https://youtube.com/watch?v=xn1WS6r0dBQ

Scroll to Top